• петок, 02 јануари 2026

Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ, наредена обдукција на телото 

Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ, наредена обдукција на телото 

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете кое почина како последица на повреда здобиена за време на новогодишната ноќ.  

- Во однос на починатото двегодишното дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија денеска од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите  информираше дека за време на новогодишната ноќ се случиле два сериозни инцидента - убиство на турски државјанин со нож, во Скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на, како што рече, засега непознат начин,  кое било во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар-Скопје.

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во тој момент не можел детално да се специфицира“.

- Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста, рече Тошковски. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан